9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Најголемото поевтинување оваа година: Цените на горивата одат надолу

Силен пад на нафтата. Цената на суровата нафта на светските берзи се спушти на најниското ниво во последните три месеци.

Утрово, барел нафта на берзата во Лондон, се продава за 72,5 долари за барел што е намалување за повеќе од 5 долари само во последните 7 дена.

На највисоко ниво, цената на нафтата се качи на почетокот на октомври кога еден барел се продаваше за 85 долари.

Согласно светските трендови големо и значително намалување се очекува во Македонија на стартот на следната недела, кога вообичаено Регулаторната комисија ги објавува новите цени на горивата.

Спонзорирано: