11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Полицајците на својот верен пријател му приредиле трогателен последен поздрав

Пред да му откријат рак, кучето Хантер работело цели десет години со својот партнер Мајкл Даресто во полициската станица во Мидлтаун во САД.

Ветеринарите, за жал, потврдиле дека неговата болест е неизлечлива и дека не им преостанува ништо друго освен да го успијат.

Полицајците веднаш се сложиле дека нивниот пријател Хантер заслужува посебен последен поздрав.

На кучето кое својот живот го посветило во чување на мирот му приредиле убава церемонија и му се заблагодариле за сè што направило за нив и нивните сограѓани.


Дијагнозата која ја слушнале кај ветеринарот посебно го погодила партнерот на Хантер, Мајкл кој морал да потпише барање за успивање.

На церемонијата токму тој го носел кучето додека другите стоеле и му оддавале почит.

На својата Фејсбук страница му се заблагодариле на кучето кое од 2007 година било важен дел од нивниот тим.

Веста ги растажила и жителите на градот. Многумина и претходно слушнале за неговите добри дела…

Спонзорирано: