3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Иванов се сретна со новиот амбасадор на Јордан

Претседателот Ѓорге Иванов ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Хашемитското Кралство Јордан за Македонија, со седиште во Анкара, Исмаил Иса Исмаил Рифаие.

Иванов упати честитки по повод неговото именување и изрази интерес и подготвеност за натамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји.

„Убеден сум дека Вие, со Вашиот професионален ангажман, ќе придонесете за натамошно унапредување и збогатување на соработката меѓу нашите пријателски земји и народи во сите области од заеднички интерес, за што постои голем потенцијал. Бидете уверени дека во вршењето на Вашите дипломатски должности ќе ја уживате нашата целосна поддршка и помош“, порача македонскиот претседател на свечениот чин на предавање на акредитивите.

На средбата со амбасадорот Исмаил Иса Исмаил Рифаие, претседателот изрази задоволство од интензивирањето на соработката меѓу двете земји во повеќе сфери, особено во областа на разузнавањето и ја поздрави конструктивната улога на Јордан во стабилизацијата на состојбата во регионот на Блискиот Исток.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во двете земји и за настаните во регионот.

Спонзорирано: