6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Две згради се срушија во Марсеј, две лица повредени

Две лица се здобиле со помали повреди откако две згради се срушија рано утринава во францускиот град Марсеј, соопшти денеска противпожарната служба на Франција.

Уривањето на зградите предизвикало голем облак од прав, а на самото место на несреќата забалежано е зголемено присуство на пожарникари и полицајци со кучиња трагачи, објавуваат медиумите.

Засега никој не ја споемнува причината за рушењето на зградите. Според официјалните претставници, освен потврдата за двете повредени лица, нема извештаи за други повредени или загинати во несреќата.

Населението е повикано да се држи настрана од таа локација и да не го блокира патот со цел побрзо поминување на службите за итни случаи.

Спонзорирано: