20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се урна воен авион „миг-29М“ во Египет

Борбен авион од типот „миг-29М“ се урна за време на тренинг лет во Египет, објави „Спутник“.

Претходно, руски медиуми објавија дека авионот е уништен.

„Спутник“, исто така, соопшти дека леталото од руско производство влегло во составот на египетската армија во текот на годинава.

„Имаме оперативни податоци за падот на египетскиот миг-29М. Во блиска иднина, нашите експерти ќе одат во Египет за да помогнат во истрагата за инцидентот“, соопшти руската компанија за производство на воздухоплови.

„Комерсант“ објави дека пилотот успеал да се катапултуира пред авионот да се урне.

Во последниот месец имаше уште еден пад на авион „миг-29М“, кој се урна во близина на Москва за време на обука, а причината за неговиот пад и натаму не е позната.