9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Пјонгјанг смета дека политиката на САД е глупава

Северна Кореја предупреди дека би можела повторно да започне со програмата за нуклеарно вооружување доколку САД не ги укине економските санкции, соопшти Министерството за надворешни работи на Пјонгјанг.

Министерството во синоќешното соопштение не се заканува дека ќе ги прекине преговорите со САД, туку оценува дека Вашингтон не ги исполнува обврските од самитот на лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун и на претседателот на САД, Доналд Трамп кој се одржа на 12 јуни во Сингапур.

,,САД веруваат дека обновувањето на нивните санкции и притисоци ќе доведат до денуклеаризација. Не можеме а да не се насмееме на таквата глупава идеја. Подобрувањето на односите и санкциите не се компатибилни”, се наведува во соопштението.

Спонзорирано: