14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев –Јанковиќ: Соработката продолжува на највисоко ниво, Македонија прави импресивни чекори на патот кон НАТО и ЕУ

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска во посета го прими новоименуваниот шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Македонија Зоран Јанковиќ, со кој разговараше за аспектите на одбраната на реформите во безбедносниот сектор и членството на Македонија во НАТО.

Претставникот на НАТО, Јанковиќ ги поздрави храбрите чекори кои актуелната Влада ги презема во поглед на имплементирање на реформите и подготвеноста на земјата да стане дел од Алијансата.

Тој исто така, изрази уверување дека успешната соработка со македонската Влада ќе продолжи, подвлекувајќи дека тој и експертите во Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје се отворени за континуирана соработка на
највисоко ниво.

На средбата, премиерот Заев го запозна претставникот на НАТО со политичките настани во земјата, истакнувајќи дека неговото стапување на должност е во време кога граѓаните на Македонија ја пишуваат својата историја и дека политичките прашања се затворени и земјата е подготвена да продолжи кон исполнување на евроатланските аспирации.

Тој истакна дека Владата и граѓаните на Македонија се посветени на исполнување на реформите, кои се значајни за евроинтеграциите и за влез во НАТО. Нагласи дека останува посветеноста земјата да го одржи континуитетот на процесите кои веќе забрзано ги исполнува, меѓу кои и учеството на Македонија во операциите, мисиите, предводени од НАТО, оценувајќи ги како важен дел за безбедноста на државата, за регионот и пошироко, за исполнување на конечната цел, во 2019 да станеме членка на НАТО.

Премиерот Заев, истакна и дека во таа насока се и договорите за добрососедство и пријателство склучени со Бугарија и Грција, како и одржувањето на добри односи и немање отворени прашања со сите соседи на Република Македонија, што е основа за ширење на идејата за зајакнување на безбедноста на сите држави во регионот и пошироко.

Спонзорирано: