13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсен свештеник од Охајо, имал сексуален однос со тинејџерка, која чека негово дете

Свештеник од Охајо се соочува со сериозни обвинувања откако по неговото апсење, признал дека имал сексуален однос со 17- годишна тинејџерка, која сега чека негово дете, објавува Дејли Маил.

45-годишниот Кристофер Фокшовен бил свештеник во црква во близина на Питсбург, а кога се дознало за овој случај, тој веднаш бил уапсен, пренесува 10TВ.

Обвинителот изјави дека свештеникот и тинејџерката им соопштиле на нејзините родителите дека таа е бремена. Кристофер е обвинет за сексуален однос со малолетно лице, и се посочува дека сè се одвивало помеѓу август и октомври оваа година.

Сепак, обвинителот истакнува дека постојат докази дека нивниот однос постои веќе три години. Свештеникот веднаш е суспендиран и повеќе не смее да влезе во црквата, пишува Дејли Маил.

Спонзорирано: