8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Татко и син од Украина убиле полицаец, пресекле дел од неговото тело и го зготвиле за ручек, соопшти полицијата

Украинската полицијата изврши претрес во станот каде што живееле таткото и синот, кој го убиле украинскиот полицаец, и ја прошале главата на 45-годишниот поранешен полицаец во кутија скриена на терасата.

Таткото и синот се уапсени под сомнение дека го обезглавиле и распарчиле дел од телото на поранешениот полицаец, кој, според доказите на полицијата, потоа го зготвиле и изеле неговото месо, а главата му ја чувале на терасата.

Грозоморното убиство во полицијата го пијавиле исплашените соседи кои го нашле телото без глава, оставено пред вратата на подрумот во нивната зграда, а раните од нож на телото покажале дека недостигаат делови од телото на жртвата, пренесуваат тамошните медиуми.

Осомничените татко и син сега се наоѓаат во полициска станица, а доколку тие бидат осудени за убиството на полицаецот, може да добијат од 10 години до доживотна казна затвор.