5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Во преамбулата на Уставот ќе се конретизираат актите на АСНОМ, вели министерката за правда

Во преамбулата на Уставот ќе се конретизираат актите на АСНОМ, рече министерката за правда, Рената Дескоска на конференција во Охрид за реформите во судството. Дескоска рече дека се правеле консултации за предлозите на пратениците кои ги поддржале уставните измени во Собранието.

„Во делот на преамбулата она што јас сум информирана дека бил тек на разговори со Грција е практично конкретизирање на актите на АСНОМ, односно да не се подразбира Манифестот кој што значи повикување на национална борба во соседни држави и од тој аспект, беше воведувањето на македонскот народ за одлуките на АСНОМ“, рече министерката.

„Рокот е утре до кога Владата треба да му ги достави нацрт-амандманите на Собранието. Вчера се правеа некои консултации за кои не сум во тек. Она што беше консултација со осумте пратеници во опозицијата, кои ги поддржаа уставните измени, беше договорено внесување на член кој ќе го гарантира идентитетот на македонскиот народ. Постигнавме заеднички договор тоа да биде во рамките на нормативниот текст, каде што во еден од членовите кои ќе се менуваат ќе биде ставена гаранција за идентитето на македонскиот народ“, рече министерката за правда, Рената Дескоска, на конференцијата.

Таа потенцира дека за помирувањето во Собранието до вчера не било прецизирано каков ќе биде составот и дека се прават консултации со политичките партии кои се во парламентот.

„Прашањата кои треба да се разговаарт во еден поширок контекст. Премиерот најави и јас мислам дека тоа е став кој што треба да се поддржи дека аменстија за насилствата на 27 април не смее да има. Тоа се акти на насилство. Многумина пролеаја крв. И тоа остави не само лична траума на тие луѓе, туку остави и колективна траума на општеството. Она што значи насилен акт. Јас мислам дека не треба да има исклучок“, рече Дескоска.

Спонзорирано: