14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

(Видео) Возач на автобус забележал расплакано дете покрај маж: Во секунда ја сфатил страшната вистина

Возачот на автобус Тим Вотсон со брзо размислување и планирање спасил киднапирано момче, на кое му се заканувала неизвесната судбина во рацете на киднаперот.

Тригодишното момче е прогласено за исчезнато откако му се изгубила трагата пред книжара во Сан Франциско.

Но, Вотсон во својот автомобил забележал момче кое одговарало на описот како се вози со маж само еден час по веста за исчезнувањето.

Ситуацијата му била уште посомнителна кога забележал дека момчето плаче. Морал да најде начин како одблиску да го погледне момчето и смислил план.

Го запрел автобусот и ги испитувал патниците по ред дали забележале исчезнат ранец. Секако, тоа бил изговор за да се приближи до момчето, по што видел клучен детал кој го навела и полицијата – момчето носело црвени патики.

Вотсон потоа продолжил со возењето и тајно ја контактирал полицијата која ги чекала на следната станица и го уапсила киднаперот.

Благодарение на смиреноста и досетливоста на возачот, на момчето му е спасен животот.

Спонзорирано: