14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Без струја делови на Студеничани, Кисела Вода, Карпош…

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека се планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа и без електрична енергија ќе останат делови од Студеничани, Кисела Вода, Карпош, Центар, Ѓорче Петров, Сарај и Гази Баба.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улиците 4, 6 и 7 во с.Батинци (општина Студеничани); а во периодот од 9:00 до 11:00 часот корисниците од ул. Христо Татарчев подулица бр.11 (општина Кисела Вода).

Од 9:00 до 14:00 часот струја ќе немаат корисниците на дело од ул.Мраморец (општина Карпош), во периодот од 9:30 до 11:30 часот корисниците од ул.Донбас, дел од ул.Ѓорѓи Пулевски, дел од улица Орце Николов (поточно кај ресторан ДМ), дел од ул.Алберт Ајнштајн, ул.Андон Дуков (општина Центар), во периодот од 8:30 до 11:00 часот корисниците на дел од ул.Капиштец, дел од ул.Питу Гули, ул.Димитар Пандилов (општина Центар), од 10:00 до 13:00 часот корисниците од ул.Скупи подулица бр.1 а , 3 а, 5 а, 7 а и фирмите кај Рибокомерц, бул. Јадранска магистрала (кај касарната Илинден (општина Карпош).

Од 9:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат и корисниците на дел од ул.Блаже Биринчето (општина Карпош) во периодот од 9:30 до 14:30 часот корисниците на дел од ул.Блаже Биринчето (општина Карпош), од 8:30 до 11:30 часот корисниците на дел од ул.Франц Месеснел (општина Ѓорче Петров), во периодот од 9:15 до 12:30 часот корисниците на дел од ул.Ѓорче Петров (општина Ѓорче Петров), од 12:30 до 14:30 часот корисниците од ул.с.Ласкарци подулица бр.3. (општина Сарај) и во периодот од 9:30 до 13:30 часот корисниците од ул.1 во с.Црешево (општина Гази Баба).

Спонзорирано: