9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата се координира со пратениците, амандманите сè уште не се испратени во Собранието

Владата сè уште ги нема испратено нацрт-амандманите на Уставот до Собранието бидејќи, како што велат, координацијата со пратеничките групи сè уште трае. Оттаму не кажуваат кога конкретно ќе бидат испратени додавајќи дека тоа ќе биде набргу и покрај најавите на пратеникот Александар Кирацовски дека некои од нив ќе пристигнат денес. Од минатиот петок почна истекувањето на 15-те дена, односно поминаа седум, рок во кој Владата треба до Собранието да ги достави предлог-амандманите за уставните измени.

Кога амандманите ќе бидат доставени во законодавниот дом, секој од нив ќе треба да помине на претрес на две собраниски комисии. Според Деловникот, од моментот на доставување на нацрт-амандманите до одржување на пленарната седница мора да поминат најмалку 30 дена. Роковите може да се скратат бидејќи секој пратеник има право на збор повеќепати, но не смее да говори повеќе од 20 минути, што остава можност дискусијата да заврши побргу од дозволените рокови.

Тие потоа треба да бидат дадени на јавна дискусија и се враќаат во Владата, па повторно во Собранието.

За одлуката за усвојување на амандманите потребно е двотретинско мнозинство, а за амандманот што се однесува на преамбулата потребно е и Бадентерово мнозинство. Според овие рокови, се очекува уставните измени да бидат усвоени кон средината или крајот на јануари.

Во овој процес,со амандмани ќе интервенираат Беса на Касами и „Алијансата за Албанците“. Пратеникот Фадиљ Зендели вели дека сега е моментот за унапредување на правата на Албанците.

Спонзорирано: