17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсено едно лице поради импровизираните пакет-бомби испратени до критичарите на Трамп

Еден човек беше уапсен денеска поради сомнеж дека е поврзан со сомнителните пакет-бомби кои беа адресирани до критичарите и противниците на американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави американски официјални претставници.

Сомнителните пакети беа испратени на адреса на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, познатиот актер Роберт де Ниро, Хилари Клинтон, демократски сенатори, телевизијата Си-ен-ен, како и до многу други.

Трамп доцна синоќа на социјалната мрежа „Твитер“ ги обвини медиумите за поттикнување на гневот во општеството.

„Голем дел од гневот што го гледаме денес во нашето општество е намерно предизвикано од лажно и неточно информирање на мејнстрим-медиумите, кои ги нарекувам лажни вести. Тие работат толку лошо и со толку многу омраза што тоа не може да се опише, мејнстрим-медиумите мора да ги прочистат своето дејствување. Брзо!” рече американскиот претседател.