21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Зимбабве приведе неколкумина кои нелегално тргувале на црниот пазар

Полицијата во Зимбабве изјави дека привела 170 трговци на црниот пазар во акција против трговијата со девизи, кои тие велат дека е причината поради која цените на увезените продукти се зголемуваат.

Акцијата се случува неколку дена откако централната банка суспендира 4 главни директори поради вмешаност во трговијата на црниот пазар.

Млад комуникациски стратег, кој беше најмен од страна на министерот за финансии, ја откри оваа вмешаност на централната банка во матни зделки кусо по неговото поставување.

Но, во рок од 3 дена Вилијам Мутуманџе, попознат како Ацие Лумумба, беше отпуштен.

Мутуманџе тврди дека имало големи несогласувања помеѓу претседателот на Зимбабве, Емерсон Мнангава, и потпретседателот Константино Чивенга.

Тој исто се заканил дека ќе открие одреден бизнисмен кој, наводно, ја финансирал владата, како и човек што тој тврди дека стои зад големите картели.

Сепак, останува нејасно дали се работи за првиот реален обид да се расчисти со тргувањето на црниот пазар или можеби Мутуманџе бил искористен за пресметки помеѓу поранешни сопартијци.

Спонзорирано: