26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Митовска: СДСМ удира по најсиромашните, Владата крати 6 милиони евра од буџетот наменети за намалување на сиромаштијата

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања до власта. СДСМ продолжува да удира по најсиромашните, односно Владата крати 6 милиони евра од буџетот наменети за намалување на сиромаштијата, обвини Слаѓана Митовска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

Митовска посочува дека Заев од опозиција ветуваше дека буџетот треба да се троши за најсиромашните, но тој само создал лажна надеж кај луѓето и предизборно ги манипулирал, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.

„Овие кратењата се случуваат во период кога Република Македонија има над половина милион граѓани што живеат во сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај или тоа се 21,9 отсто од вкупното население во државата. СДСМ, иако имаше можност една и пол година, не презема ниту една мерка за реално намалување на сиромаштијата, напротив, во економијата продолжија да ги користат бенефитите што беa спроведени од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Митовска.

Дополнително, додава таа, државата е на трето место во светот по младинска невработеност, таа изнесува над 50 отсто, а пред нас се само Јужна Африка и Босна и Херцеговина, а ова се, вели Митовска, официјални податоци на Светската банка.

„Извршувањето на капиталните инвестиции за девет месеци изнесува само 24,7 отсто, што е очајно најниско ниво на реализација од постоењето на државата до денес. Ова е показател на неработа и незнаење и во никој случај со ваков начин на работа не можеме да очекуваме нови работни места“, посочува Митовска.