25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата сопрела “ивеко” кај Гевгелија – кога полицајците отвориле назад, имале што да видат

На надвозникот на автопатот Гевгелија-Скопје, во правец кон село Прдејци, во текот на вечерните часови на 24 октомври полицајци му сигнализирале на товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки по што тоа нагло сопрело и возачот се дал во бегство.

По извршениот преглед во возилото, на кое биле ставени регистарски ознаки од друго возило, биле најдени 46 мигранти од Пакистан, Иран, Сирија, Ирак и од Авганистан.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.