8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Град во Америка порано го прослави Божик поради тешко болно момче

Дванаесетгодишниот Кит Буркет, од градот Стјуо, Охајо, страда од ретка форма на рак поради што лекарите се плашат дека нема да го дочека Божик.

Но, неговите сограѓани се погрижија да не биде така. Тие одлучија да го прослават Божик два месеца порано со цел малиот Кит сепак да има божикно утро. Ги украсија куќите, пееја божикни песни и се облекоа како Дедо Мраз и на Кит му приредија Божик од соништата, објавува SWNS.

Кит го поминал божикното време возејќи се во пожарникарски камион и уживајќи во божикната парада со 100 автомобили украсени со новогодишни украси и освоил медал за храброст од градоначалникот. Кит открил дека најмногу му се допаднало возењето со пожарникарите.

„Мојот син го сака Божик. Целиот свој живот има рак и прима лекови и сакав мојот син да го доживее последниот Божик. Затоа, на крајот од септември куќата ја претворивме во зимска бајка. Ставивме украси, знак за Северниот Пол и натпис ‘Честит Божик, храбар Кит’“, рече мајката на Кит, Тејлор.

Набргу на прославата се придружија и соседите, а во октомври тие создадоа божикен дух што го воодушеви целиот свет и многу го израдува момчето.

Спонзорирано: