10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин се закани со ракети врз европските земји во кои ќе биде распоредено американско оружје

Американското повлекување од договорот за нуклеарно разоружување ќе доведе до трка во вооружувањето и до исклучително опасна ситуација, предупреди рускиот претседател Владимир Путин.

Тој предупреди дека европските земји што ќе дозволат на нивна почва распоредување американски ракети, мора да сфатат дека постои можна закана од некој одговор и дека руските ракети ќе бидат вперени кон нив.

„Ако се раскинуваат такви договори, тогаш не останува ништо во поглед на ограничувањето на вооружувањето. Ситуацијата ќе биде исклучително опасна. Нема да остане ништо, освен трка во вооружувањето“, рекол Путин на прес-конференцијата по состанокот со италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Путин изразил надеж дека за тоа прашање ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп на 11 ноември во Париз, на конференцијата по повод 100 години од завршувањето на Првата светска војна.

Трамп неодамна изјави дека САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор, кој пред 30 години го потпишаа Вашингтон и Москва. Трамп рече дека Русија го прекршила тој договор.

Договорот за нуклеарни сили од среден дострел од времето на Студената војна забранува цела класа оружје – крстосувачки ракети за лансирање од земја со дострел од 500 до 5.500 километри. Договорот во 1987 година го потпишаа Роналд Реган и Михаил Горбачов.

Спонзорирано: