14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Почнаа најголемите НАТО-маневри од крајот на Студената војна

Најголемите НАТО-маневри од крајот на Студената војна почнаа денес во Норвешка, објави агенцијата АП.

Маневрите почна со претпоставено сценарио на повторно воспоставување на суверенитетот на оваа скандинавска земја по нападот на фиктивен агресор.

Агенцијата наведува дека НАТО ја брифирал Русија, која се граничи со Норвешка за вежбата „Спој на тризабецот“ и ја повикал непречено да ја следи, но без разлика на тоа, официјална Москва и натаму се лути поради оваа вежба.

Се потсетува дека рускиот министер за одбрана предупреди дека Москва може да биде принудена да одговори на зголемената активност на НАТО во близина на западната граница на Русија.

АП соопшти дека денеска почнатите воени игри на алијансата собираат 50.000 воени припадници од 29 сојузници во НАТО, заедно со партнерските земји Финска и Шведска, а ангажирани се и 65 брода, 150 летала и 10.000 возила.

Се тврди дека според плановите, вежбата треба да трае до 7 ноември, а ќе се одржи во централна и источна Норвешка, северниот дел на Атлантскиот Океан и на Балтичкото Море.

Медиумите претходно објавија дека вежбата ќе претставува голем логистички предизвик за земјата домаќин, која мора да обезбеди 1,8 милион оброци и 4,6 милиони шишиња со вода, како и дека треба да се погрижи за 660 тони валкани алишта.

Освен тоа, Норвешка за потребите на вежбата мора да стави на располагање големи површини земјоделско земјиште.

Спонзорирано: