3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

(Видео) Трајковска: Богдановиќ за една година единствено успеа да реконструира само 2 улици од над 30 што им ги вети на жителите на Центар

Помина една година од владеење на Саша Богдановиќ како градоначалник на Центар и една година жителите на Центар не видоа никаква корист од тоа, во оваа една година видовме лаги, неработење, нефункционалност, ѓубре на секој чекор и никаква грижа за животната средина, обвини Антоанета Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

Трајковска посочува дека единствено што успеал Богдановиќ е да реконструира само 2 улици од над 30 што им ги ветил на жителите на Центар. „Проектите што ги вети дека ќе ги направи до 2018 и почетокот на 2019 година, а не ги реализираа, се: изградба на дневен центар за деца, Реновирање на просториите на Урбаните Заедници, Здравствена заштита и нега на лица со физичка попреченост, решенија за сообраќај и животна средина, што гарантираат здравје и безбедност и нула глад во општина Центар – отвoрање банка за храна“, вели Трајковска.

Трајковска додава дека во оваа година немало никаков почеток, ниту најава за изградба на ниту една капитална инвестиција, вели дека нема почеток ниту на изградба на гасоводот ниту на новата градинка во Маџар Маало ниту, пак, почеток на изградбата на новата сала на „Работнички“, но затоа, вели таа, има нови партиски вработувања и полнење на администрацијата во Општината и во ПОЦ.