14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Обвинетата секретарка на Собранието на 27 април трчала радосно и гестикулирала со рацете пред да влезат насилниците

Во кривичниот суд во Скопје трае изведувањето на материјалните докази за настаните од 27 април 2017 година. Обвинителката презентира видеоснимки од собраниските камери, на кои се гледаат неколкумина од обвинетите.

„На лицето од обвинетата Елена Доцевска-Божиновска се гледа радост, таа трча од кабинетот на претседавачот Трајко Вељаноски и гестикулира со рацете“, рече обвинителката презентирајќи ја снимката.

Од видеоснимката од собраниската камера може да се види дека таа цело време разговара на телефон. На снимката се гледа дека таа разговара и со обвинетиот Игор Југ, а во нивна заднина стои личното обезбедување на Вељаноски, Горан Ѓошевски – Леви. Таа разговара со неколку од обвинетите со црни фантомки на главите. На снимката се гледа како таа им дава вода на лица кои што се во салата, а не се дел од собраниското обебедување, меѓу нив и на обвинетиот Митре Питроповски.

На првата снимка пуштена во судницата се гледаат Горанче Ангеловаки – Ќосето, Дејан Давидовски, кој е во бегство, Никола Митровски – Кољо, Митре Питроповски, Иван Цветановски, Илија Славевски, Младен Додевски и Стефан Младеновски. Некои од нив слободно со фантомки се шетале пред кабинетот на Вељаноски.

Спонзорирано: