17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Анѓушев: Очекуваме постапката за уставните измени да заврши до јануари

Во Собранието сега следува дебата за амандманите за уставните измени, а очекуваме до јануари да го заокружиме целиот процес, со уште поголемо мнозинство, и силно да чекориме кон ЕУ и НАТО, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, на панелот „Економска и европска перспектива на Балканот“ во рамки на „Конференцијата за економија“, која се одржува во Будва, Црна Гора.

Говорејќи за актуелната ситуација во Република Македонија, тој истакна дека започна да се пишува нова историја во земјата, која подразбира креирање добрососедски политики и надминување на сите отворени прашања со соседните држави.

„Доколку воспоставиме подобра соработка помеѓу земјите во регионот, ќе соработуваме подобро и со Европската Унија. Во Македонија започна постапка за уставни измени, согласно со договорот од Преспа, среќни сме што дел од опозиционите пратеници ја препознаа историската шанса за земјата и што е обезбедено мнозинство за започнување на уставни измени во Парламентот. Следува дебата за амандманите за уставните измени, а очекуваме до јануари да го заокружиме целиот процес, со уште поголемо мнозинство и силно да чекориме кон ЕУ и НАТО“, кажа вицепремиерот.

Тој, исто така, рече дека земјите од регионот треба да се фокусираат на зголемување на меѓусебната соработката и да се фокусираат на иднината и на поголема економска соработка.

„Ние сите градиме модерни и скапи патишта, но нема да направиме ништо ако го скратиме времето на активно патување доколку стоката седи на граници подолго отколку што патува. Земјите од регионот мора да си веруваат едни на други, малку поголема доверба и признавање на сертификати, како и исти олеснети процедури во сите земји во регионот. Доколку успееме да ја зголемиме меѓусебната соработка, тоа е сигнал за сите, па и песимистите во ЕУ, дека ние нема да ѝ тежиме на ЕУ, туку ќе придонесе до уште посилна Унија. Простор за соработка има во сите области, како индвидуални пазари сите ние сме помалку интересни, но како заеднички пазар сме многу поинтересни за Европската Унија“, нагласи Анѓушев.

Спонзорирано: