12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Ако издржеа пратениците, ќе ја ослободевме Македонија од СДСМ

„На Република Македонија ѝ се случи црн петок. Сите бевме сведоци на предавството што пратениците ѝ го направија на својата татковина. Да издржеа и да беа доследни во она што со месеци ѝ го говореа на јавноста, еднаш засекогаш ќе ја ослободевме државата од коалицијата на Заев и Шекеринска, и Вице и Анѓушев“, вели ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение испратено до јавноста.

Најголемата опозициска партија во соопштението го повтори она што синоќа го кажа нивниот лидер, Христијан Мицкоски, дека СДСМ не исполнила ништо од ветеното.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека седумте пратеници од нивните редови, силно потпомогнати од структури што ѝ се ставиле на располагање на власта, следејќи го својот личен интерес и одејќи против ставот на партијата, против членството и народот, си го свиле ‘рбетот и гласале за промена на името.

Спонзорирано: