14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се огласи Никола Груевски по исклучувањата во ВМРО ДПМНЕ

ПОранешниот претседател на ВМРО–ДПМНЕ, Никола Груевски денеска на излегување од скопскиот Кривичен суд изјави дека не му се познати аргументите за исклучувањата на членови од неговата матична партија.

Груевски рече дека посакува едно силно ВМРО–ДПМНЕ кое ќе ја порази оваа власт.

Инаку Никола Груевски за неколку дена ќе добие покана да се јави во затвор, но одбраната најави дека ќе бара одложување на извршувањето на правосилната пресуда.