25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ечат нови бомби во судница: Притисни ги таксистите да гласаат за Владо, му вели Ирена Мишева на соговорникот

Во телефонски разговор од 27 март 2013 во предметот „Титаник“ на СЈО, ексминистерот Миле Јанакиески му вели на Иво од Општина Центар да направи списоци со луѓе што ги знае и да ги врбува да гласаат за кандидатите за градоначалник на Скопје и на Центар оти во Дебар Маало биле најслаби.

„Да напраиш едно списоче со луѓе шо ги знаете и да ги врбувате. Речи им – дајте поддршка за Коце и за Владо“, му вели Јанакиески на соговорникот.

Тој раскажува дека правеле база на податоци од 15 илјади гласачи за Центар. Соговорникот на Јанакиески му вели: „Јас, мајка ми, комшиките, сите ќе гласаат…“

Во друг разговор од 26 март 2013, Ирена Мишева, експретседателката на Советот на Град Скопје, на Миле Јанакиески му вели дека разговарала со некојси Љупчо да ги притисне таксистите да гласаат за Владимир Тодоровиќ.

„Му велам, Љупчо, молим те, притисни ги таксистите да гласаат за Владо“.

Во кривичниот суд продолжува репродуцирањето на бомбите.