17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Повреден малолетник во сообраќајна незгода во Скопје

Седумнаесетгодишно момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила на улицата Александар Урдаревски во Скопје.

Несреќата се случила кога 20-годишниот скопјанец, возејќи „форд галакси“, изгубил контрола над возилото, излетал надвор од коловозот и се превртел.

Притоа, повредeното момче, кое било сопатник, со возило на итната медицинска помош било пренесено на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По укажаната помош, тој бил задржан на понатамошно лекување. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Спонзорирано: