15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски да открие како добил согласност од Груевски за мали хидроцентрали

Антизападниот Мицкоски треба да одговори пред граѓаните на кој начин добил согласност за мали хидроцентрали, преку компании во кои има удел, токму од носителот на криминалот Никола Груевски, истакнуваат од СДСМ како реакција на денешната прес-конференција на портпаролот на опозициската партија, Димче Арсовски, кој обвини дека Заев му доделил државно земјиште на Кочо Анѓушев.

Од СДСМ потенцираат дека ниту една лажна вест нема да го сокрие фактот дека, како што велат, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски работат против иднина во ЕУ и НАТО.

„Договорот за концесија за кој денеска лаже антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на кој е добиен долготраен закуп за државното земјиште, е потпишан во 2015 година, кога на власт беше токму ВМРО-ДПМНЕ, а актуелниот вицепремиер за економски прашања кога Кочо Анѓушев не бил функционер“, објаснуваат од партијата, од каде додаваат дека сега само се спроведуваат административните процедури.

Јасно е дека нема ништо незаконско во донесената одлука, а уште помалку, пак, дека има некаков судир на интереси, сметаат од СДСМ.

Спонзорирано: