25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Рангелова: Ни треба проевроатлански ориентирано ВМРО-ДПМНЕ, а не изолирано

Денес го чествуваме денот на Македонската револуционерна борба, денот на основањето на историското ВМРО чиј сон денес ние го живееме.
Она што во моментот нас ни треба е едно ВМРО ДПМНЕ, силно, сплотено и единствено, а не поделено и раскарано“, порача Даниела Рангелова.

„Проевроатлански ориентирано а не изолирано! Ни треба разум и храброст а не очај и паника! Ни треба просветлување и чекорење напред а не прочистување! Ни треба визија за иднината на партијата и државата а не страв од неочекуваното!
Ни треба зајакнување а не недоверба! Ни треба слободна и демократска мисла а не едноумие и ретроградност! Ни треба политичко делување а не послушност и сервилност! Ни треба соочување и решавање на проблемите а не пак креирање на лажни очекувања и повторно разочарување кај членството! Ни треба ПОБЕДА а не ПОРАЗ!

Нека ни е честит и вековит денешниот голем државен празник преку чие одбележување искажуваме почит и ги воспеваме големите дејци на македонска идеја на самобитност.

Честит 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба!“ напиша Рангелова.

Спонзорирано: