6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Заостанатиот долг за вода и смет граѓаните може да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, денеска, преку соопштение, испрати потсетување до граѓаните корисници на услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, а кои имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен), дека ќе имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

„Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во рок од 20 дена, сметано од 15. 10. 2018 година, заклучно со 3. 11. 2018 година. Физичките и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24-месечни рати, во зависност од висината на долгот“, наведуваат од „Водовод и канализација“ во своето соопштение.

Спонзорирано: