17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Арсовски: Заев на Анѓушев му отстапил 7.105 квадратни метри земјиште по пат на непосредна спогодба

Заев, лично, на 9 октомври, му потпишал на вицепремиерот и сопартиец Кочо Анѓушев согласност за давање под долготраен закуп градежно земјиште за изградба на хидроцентрала, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција.

„Заев по пат на непосредна спогодба, на Друштвото за производство, трговија и услуги ‘МХЕ тополки’ ДОО Скопје, каде што еден од сопствениците е Кочо Анѓушев, преку фирмата ‘Фероинвест’, а неговиот брат Тодор Анѓушев е управител, му доделил градежно земјиште во вкупна површина од 7.105 квадратни метри во катастарската општина Дреново за изградба на хидроцентралата ‘Тополка’. Одлуката е излезена во ‘Службен весник’ на 15 октомври“, истакна портпаролот на опозициската партија.

Арсовски обвини дека станува збор, како што рече, за најкласичен случај на судир на интереси во Владата на СДСМ.

„Кочо Анѓушев преку медиумите ја уверуваше јавноста дека неговите фирми нема да учествуваат и да добиваат бенефити од институциите на кои самиот им е претпоставен како вицепремиер. Но, очигледно на Анѓушев поважни му се личниот интерес и интересот на неговиот бизнис. Практично, оваа Влада работи лично за нивниот интерес и нивниот бизнис, а граѓаните ги оставаат на цедило“, рече портпаролот, кој исто така порача дека ќе дојде ден кога судството и институциите ќе бидат независни и Република Македонија и граѓаните ќе победат.

Спонзорирано: