14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стоилковски: Во петокот Собранието беше под полициска опсада, никој не знае дали имало закани и од кого

 

Во Македонија се згазени правото, Уставот, законите, згазена е демократијата, а во петокот се случи брутален упад во севкупниот демократски и уставен систем, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Во петокот Собранието беше под полициска опсада, а специјалците под команда на Оливер Спасовски помагаа да се заокружи целосната слика на еден ненароден режим. Никој не знае ниту зошто биле таму поставени, ниту дали имало какви било закани за нарушување на безбедносната состојба, ниту од кого биле тие закани. Јавниот обвинител молчи и останува горчливиот впечаток дека полицијата и институциите беа злоупотребени заради заплашување“, изјави Стоилковски.

Тој потсетува дека исто така јавниот обвинител не реагирал ниту на досега поднесените кривични пријави против Зоран Заев, Никола Димитров, Талат Џафери и против сите пратеници што гласаа за Законот за ратификација на договорот со Грција заради велепредавство, загрозување на независноста, здружување заради непријателска дејност и злоупотреба на службената положба бидејќи, како што посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, самиот чин на договарање и носењето на законот е спротивно на Уставот.

Стоилковски додава дека е поднесена и кривична пријава за поткуп за избори, за што нема реакција, поднесена е и кривична пријава против повеќе од 200 лица за злоупотреба на службената положба и за изборна измама, па пак ништо, вели тој.

Спонзорирано: