22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Коцијанчич: САД и Русија да се држат до нуклеарниот договор

Европската Унија ги повикува САД и Русија да се придржуваат кон договорот за нуклеарно оружје (ИНФ) со среден дострел и да обезбедат целосно и докажано негово спроведување“.

„Ние веруваме дека е потребно САД и Русија да спроведат конструктивен дијалог со цел да го зачуваат договорот“, рече портпаролката на Европската Унија, Маја Кочијанчич, на денешната прес-конференција.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера изјави дека САД ќе се повлечат од договорот за нуклеарно оружје бидејќи Русија го прекршувала овој договор.

Иако не понуди пример за тоа како Русија го прекршува овој договор, сепак Трамп изјави „Русија го прекршува договорот, тие го кршат со години“, посочи американскиот претседател по митингот во саботата во Елк, Невада, каде што рече дека САД нема да им дозволат на Русите да прекршат нуклеарниот договор.

По објавувањето на одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека САД ќе се повлечат од договорот за нуклеарно оружје од среден дострел бидејќи Русија го прекршила договорот, пристигнаа првите реакции од Русија. Официјален претставник од руското Министерство за надворешни работи рече дека главната причина за оваа одлука е сонот на Вашингтон за униполарен свет, а по ова, реакции пристигнаа и од други руски, но и светски лидери и политичари.

Спонзорирано: