3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Врие во ВМРО ДПМНЕ – Дали Сашо Мијалков навистина се меша во раководењето со партијата или всушност ситуацијата е многу поинаква?

Во ВМРО ДПМНЕ некогаш најмоќната партија врие како никогаш во последните десетина години.

Во партијата фрчат обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ако едни го поддржуваат Мицковски, како што тоа го направија утрово Трајко Вељановски, Влатко Ѓорчев и Антонио Милошоски, други сметаат дека е потребна реформа во партијата.

Токму за реформи се огласи пратеникот Илија Димовски кој преку отворено писмо порача дека тој нема да учествтува во, како што вели, фингирани битки и пресметки во ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво и неодложно, мора да се направи темелна, а не козметичка реформа на партискиот Статут, со целосна демократизација на процесот на носење политички одлуки, но и целосна демократизација на процесот на избор на партиските тела и органи почнувајќи од месните комитети, па сè до највисоките органи. Второ и суштинско, да се напушти принципот дека партијата мора да се води по правилото за градење култ на личност. Трето, ВМРО-ДПМНЕ има обврска да направи дисконтинуитет со грешките од минатото. И, четврто, партијата мора да научи да гради нови мостови наместо да ги крши и оние што досега го има“, пишува Димовски.

Пратеникот Антонио Милошоски пак речиси во исто време заедно со пратениците Трајко Вељаноски и Влатко Ѓорчев, се огласија со поддршка за лидерот Христијан Мицкоски.

„Драматичните случувања во Собранието и нелегалниот чин против Уставот, барем дадоа појасна слика за тоа кој се залага да се почитува волјата на народот од кој сме избрани, а кому му се побитни заткулисните договори. Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, сепак покажа дека му е побитна демократската доверба што гласачите им ја дале на пратениците, како и волјата на членството и симпатизерите“, напиша Милошоски на „Фејсбук“.

Внатрешниот раскол во ВМРО ДПМНЕ е веќе видлив и не само кај пратениците, туку и кај членстовото и раководствата на локалните ограноци на партијата, кои уште вчера ги соопштија двете сценарија од кои во едното главна улога има Сашо Мијалков, еден од највисоките екс-функционери во партијата.

Според првото, партијата размислува да го исклучи од членство Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, за кој се шпекулира дека влијаел врз седумтемина пратеници од партијата да гласаат „за“ уставните измени со цел да издејствува амнестија за себе.

Второто сценарио, за кое се зборува, е дека членството ќе бара оставка од претседателот Мицкоски бидејќи не успеал да ги тргне настрана криминалните структури во партијата.

Мијалков ги отфрли ваквите информации како шпекулаци, тој во моментов не е на ниту една функција во партијата.

Инаку како масло во огнот за развој на овие сценарија фрли и изјавата претседателот на Здружението на македонските заедници во Австралија, Игор Александров, на „Фејсбук“ напиша дека крилото на Мијалков подготвува смена на Мицкоски и порача сите што се против преспанскиот договор да изразат солидарност и поддршка со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали се работи за некакво сценарио на добропознатата екипа, засега е непознато, но факт е дека во опозициската партија работите не чинат, велат извори кои додаваат дека е неизвесно дали вечерва ќе има Централен одбор.

Спонзорирано: