14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Џафери – Бабиш: Силна поддршка од Чешка на евроатлантските интеграции на Македонија

Во рамките на официјалната посета на Чешката Република, претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери оствари средба со Андреј Бабиш, премиер на Чешката Република.

Премиерот Бабиш истакна дека билатералните односи меѓу Чешката Реублика и Република Македонија се одлични, без отворени прашања и дека се одвиваат во интензивна комуникација. Чешката Република и понатаму ќе дава силна поддршка на евротлантските интеграции на Република Македонија, бидејќи државите од Западен Балкан се многу важни за Европа и претставуваат нејзин природен дел. Во однос на миграциските движења, Бабиш посочи дека Македонија беше држава која прва се соочи со напливот на мигранти од Сирија и која успешно се справи со менаџирањето на овој предизвик.

Џафери го запозна Бабиш со актуелната состојба во Македонија, особено за процесот на пристапување кон измена на Уставот на РМ, како и преземените чекори кон унапредување на соработката со соседите, особено потпишувањето на договорите со Република Бугарија и со Република Грција.

„Отворањето на процесите за интеграција на РМ во ЕУ и НАТО резултираше со започнување на скринингот со ЕУ минатиот месец и стартот на пристапните разговори со НАТО минатата седмица. Сите државни иснтитуции во РМ посветено работат на финализирање на овие стратешки цели за државата, кои едновремено имаат силна поддршка од огромен процент на населението во РМ“ изјави Џафери.

Во однос на мигрантската криза, Џафери упати искрена благодарност за логистичката поддршка на чешките полицајци на македонско-грчката граница, како и за помошта на Чешката Република, која заедно со Унгарија, Полска и Словачка како држави членки на ЕУ и на Вишеградската група, и пружија максимална помош на Република Македонија во справувањето со мигрантскиот бран.

Премиерот Бабиш се заложи за посилна економска соработка меѓу двете земји, поголеми чешки инвестиции во РМ, како и подинамична работа на Мешовитата комисија за економска соработка при Стопанската комора.

Спонзорирано: