3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон инцијативата за национално обединување бидејќи, како што истакна, сите треба да учествуваат во него. Дали помирувањето ќе биде само за настаните од 27 април или пошироко, Кирацоски вели дека ќе се утврди на собраниската комисија.

За амандманите што Владата треба да ги испрати до Собранието, Кирацоски вели дека има 15 дена, но очекува тие да стигнат до петок.

„Ние сме оптимисти. Секојдневно ќе ги повикуваме сите пратеници што работат во Собранието да се приклучат кон процесот. Јас сум повеќе од убеден дека поддршката кон процесот ќе расте. Ракавицата е фрлена, барањето на овие 8 пратеници е наше заедничко барање. Не се откажуваме од нациоанлното помирување. Ние одиме со идејата граѓаните да почувствуваат мир и спокој во сопствената кожа“, рече Кирацоски.

Тој вели дека предлозите за тоа како ќе се одвива тоа помирување, ќе се одлучи на комисијата формирана од Собранието, каде што треба да учествуваат сите пратеници.

„Ја поздравуваме историската одлука на Собранието, со која се почитува волјата на граѓаните. Гласот на 80 пратеници е глас за ЕУ и НАТО. Создадени се услови за уште поголеми услови за спроведување на реформите. Ги повикувам сите пратеници, вклучително и оние што не гласаа, да се вклучат во спроведување на нацрт-амандманите. Заедно да ги поддржиме процесите за имплементација на договорот од Преспа“, рече Кирацоски.

„Поддршката за уставните измени ќе расте, верувам во тоа. Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски решија да останат изолирани, но пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат можност да ги надминат овие пречки. 80 пратеници направија неповратен исчекор за иднината на Македонија“, додаде Кирацоски.