5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Кинеската економија бележи најниска стапка на раст на БДП

Кинеската економија во третиот квартал бележи најниска стапка на раст од глобалната финансиска криза.

Трговската војна со Соединетите Држави почна да ја притиска економијата на оваа азиска земја.

„Бруто-домашниот производ на Кина (БДП) се зголеми за 6,5 проценти годишно во третиот квартал, што претставува забавување во однос на 6,7 отсто зголемувањето од вториот квартал”, објави Националното биро за статистика.

Аналитичарите анкетирани од Ројтерс на оваа тема велат дека очекувале раст во кинеската економија од 6,6 проценти во периодот помеѓу јули и септември.

Ова е најслаб раст на БДП од првиот квартал во 2009 година, кога глобалната финансиска криза беше на врвот.

Последното забавување е резултат на најслабото септемвриско индустриско производство од февруари 2016 година, бидејќи автомобилските компании го намалија производството за повеќе од десет отсто поради падот на продажбата.