9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Могерини: Околностите за смртта на Кашоги се длабоко вознемирувачки

Шефицата за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, истакна дека околностите за смртта на саудискиот новинар Џамал Кашоги „се длабоко вознемирувачки” и повика на детална, веродостојна и транспарентна истрага.

„Околностите околу смртта на Џемал Кашоги кои досега излегоа на виделина се длабоко вознемирувачки, вклучувајќи и шокантно кршење на Виенската конвенција за конзуларни односи од 1963 година”, се вели во соопштението на Могерини.

Саудиска Арабија вчера соопшти дека Кашоги го загубил животот во тепчка која настанала во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, поради што беа уапсени и 18 лица, но не ги призна тврдењата на Анкара дека новинарот бил мачен, убиен и отсечен на делови, а неговото тело е сокриено.

Спонзорирано: