11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тачи: Македонија направи голем чекор кон зајакнување на мирот во регионот

Македонија е чекор поблиску до ЕУ и НАТО, откако беа обезбедени потребните гласови за измена на Уставот, отворајќи го патот за промена на името на Македонија во Република Северна Македонија, изјави косовскиот претседател, Хашим Тачи по повод гласањето во македонскиот парламент.

Тачи ја поздрави одлуката и истакна дека гласањето претставува пример за единство на сите партии во корист на граѓаните и државата.

„Државата зајакнува кога државните интереси се над партиските. Мирот и стабилноста во регионот зајакнуваат само преку решително потврдување на евроатлантската оријентација и напорна работа за интеграција во европското семејство“, напиша Тачи на „фејсбук“.

Тој додаде дека Косово ја поздравува оваа важна одлука.