14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: На пратениците им се нуделе пари, но не сакаа да кажат ниту имиња на пратениците, ниту кој им нудел

Од ВМРО ДПМНЕ излегоа со тешки обвинувања за нудење на пари на пратеници, но не соопштија имиња кои пратеници ги одбиле овие пари, ниту пак кој им ги нудел.

ВМРО-ДПМНЕ одбра борба против неодоговорна власт, рече вечерва на прес-конференција генералниот секретар да опозициската партија, Игор Јанушев.

Тој нагласи дека структури на власт и нивни одработници вршат притисок врз пратеници.

„Собранието стана пазар и арена за уцени. Се апсат поради полициски прогон и тргуваат со слободата, ветуваат награди за послушните, заплашување врз семејства на пратеници за да гласаат. На еден пратеник му понидија милион евра за да гласа, на друг 250 илјади евра, а на трет 2 милиони евра. Сето ова е одбиено“, истакна Јанушев.

Тој до пермиерот Заев упати прашање дали има алал во таквите постапки.

„Свесен ли сте во каков амбис ја водите државата? Ова е преседан, не е ова за европска Македонија, ова е диктатура и насилие. Да им подадам признае на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не потклекнаа“, истакна генералниот секретар на партијата.

Тој сепак не сакаше да открие на кои пратеници им се нуделе пари и побара обвинителството да истражи.

https://www.facebook.com/vmromakedonija/videos/315516409248071/?t=1

Инаку речиси цел ден про-опозициските медиуми објавуваат обвинувања без поткрепа, на што реагираа и од Владата.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, предмалку преку социјалната мрежа Твитер порача дека премиерот Зоран Заев категорично ги демантира лажните информации на „Курир„ и „Република“ дека „Власта прави жесток притисок врз пратениците и ги уценува со сите можни средства.

Инаку меѓународната заедница јасно и недвосмислено побара од раководството на ВМРО ДПМНЕ да ги остави пратениците слободно да одлучуваат.