22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Правиме напори пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат слободно

Анти-западното и анти-македонското раководство на ВМРО-ДПМНЕ лаже, рече вечерва на прес-конференција Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Тој ги демантираше, како што рече, лагите дека мнозинството прави притисок и дека на било кој пратеник му се нуделе пари и имало уцени.

„Ќе поднесеме тужби. Овие огромни лаги во клучни моменти за иднината нека ги докажат на суд. Мицкоски ги помина сите граници. Новинарите се сведоци во Собранието, пратениците слободно се движат и комуницираат. Нема да успеат Мицкоски и Груевски кои љубат само криминал, но не и Македонија. Пратениците да делуваат слободно и да се спротивстават на антизападниот Мицкоски“, рече Костадинов.

Тој додаде дека седницата за уставните измени ќе почне во 21 часит и дека ќе има дискусија и ќе гласа, па јасно ќе се види дали има мнозинство.

„Правиме напори да ги ослободиме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат слободно“, рече Костадинов на прашање зошто цел ден се одложува седницата.

Спонзорирано: