13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Администрацијата се професионализира

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ залудно измислува непостоечки теми, администрацијата се професионализира и работи ефикасно во интерес на граѓаните, реагира СДСМ, по прес-конференцијата на опозицијата која обвини за полнење на администрацијата.

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години беше симбол за масовна партизација на државната администрација во која се вдомуваа исклучиво партиски членови и послушници и денес нема апсолутно никаков кредибилитет да зборува за состојбите во администрацијата. Денес, преку започнатите реформи, државната администрација се професионализира, а институциите работат во интерес на граѓаните.
Тоа е препознаено и од Европската Унија, каде што во извештајот од Европската комисија, Македонија за првпат е оценета позитивно, со добар напредок во администрацијата“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Социјалдемократскиот сојуз додава дека огласите за вработување во државните институции се во насока на пополнувања планирани позиции и зголемена ефикасност и истите се јавни, транспарентни и со еднакви критериуми за сите.

Спонзорирано: