10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Охриѓанец одзел метални предмети од каменолом вредни 1.500.000 денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47-годишен жител од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”.

„Во јули 2018 година во каменолом сопственост на Н.У.(43) и К.Л.(46) во атарот на село Климештани, Охридско, пријавениот со употреба на физичка сила влегол во управната зграда и одзел разни метални предмети“, наведуваат од полицијата во своето соопштението.

Од МВР велат дека лицето по кражбата, предметите што ги зел ги продал во Охрид со што се стекнал со противправна имотна корист од 1.500.000 денари.

Спонзорирано: