8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Москва до Брисел: Мора поголем притисок врз Приштина

Руското Министерство за надворешни работи го повика Брисел да изврши притисок врз Приштина за да ја реши ситуацијата со Косово, изјави заменик-шефот на руската дипломатија, Александар Грушко.

„Брисел би требало да изврши поголем притисок врз Приштина за да ја натера да ги исполни обврските што ги презеде во рамки на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите nации“, рече Грушко во интервју за „Известија“.

Според неговите зборови, преговорите помеѓу Белград и Приштина со посредство на Брисел треба да бидат доведени до логичен крај, пред сè што се однесува до нормално функционирање на Заедницата на српските општини.

Грушко додаде дека ЕУ, преземајќи ги врз себе обврските на посредник, треба да пронајде други инструменти за влијание на косовската страна, која не само што го саботира денешниот процес,туку и го комплицира.

„Гледаме дека ситуацијата на Косово во областа на безбедноста не се подобрува, туку се влошува“, додаде Грушко.