21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Србија губи милијарда евра годишно поради иселување на образовани луѓе

Од Србија во текот на годината се иселуваат од 30 000 до 60 000 луѓе, од кои четвртина се со високо образование, така што земјата поради иселувањето на високообразованите луѓе губи милијарда евра годишно, пишува „Политика”.

Весникот истакнува дека во Србија не е точно утврдено колку чини образованието и воспитувањето на децата од основно училиште до универзитетска диплома, како што е случај во САД и во некои други западни земји, но според одредени проценки, се зборува за сума од околу 100 000 евра за завршен дипломец.

Американците пресметаа дека трошоците за школување на детето до крајот на студиите може да достигнат и 200 000 долари.

Професорот на Филозофскиот факултет во Белград, Александар Баупал, вели дека само за образованието на студентите, кои се школуваат на сметка на државата, до дипломирањето се потребни од 30 000 евра до 35000 евра.

Кога дипломираните луѓе од Србија ќе се отселат на Запад, тогаш богатата земја добива специјалисти со минимални трошоци, додека Србија е и во финансиски и во кадровски минус, се вели во весникот.

Спонзорирано: