8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турските власти денеска ќе извршат претрес во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул

Турските власти денеска ќе извршат претрес на саудискиот конзулат во Истанбул, како дел од истрагата за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашогиј, објави „Ројтерс“.

Агенцијата наведува дека информацијата за денешниот претрес ја објавила телевизијата НТВ повикувајќи се на дипломатски извори.

Џемал Кашогиј исчезна на 2 октомври кога последен пат го посетил конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул. Тој е колумнист на „Вашингтон пост“, кој ја критикуваше саудиската влада, ја напушти земјата минатата година и се пресели во САД. Минатата недела отишол во саудискиот конзулат во Истанбул за да ги собере потребните документи за својата претстојната свадба, но оттогаш му се губи секаква трага. Според свршеницата на исчезнатиот новинар, саудијските чувари ѝ рекле дека тој веќе го напуштил објектот.