10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сообраќајна несреќа во Германија, најмалку единаесет луѓе се повредени при судир на воз и камион

Најмалку 11 лица се здобија со повреди, откако рано изутринава дојде до судир на регионален воз и камион со приколка во Сиплинген во јужна Германија, објави локалната противпожарна служба.

Регионалниот воз „Интеррегио Експрес“ во кој имало околу сто патници, удрил во камионот кој на себе имал и приколка. До ударот дошло на железничкиот премин околу 7:47 по локално време.

Во 11-те повредени лица е и машиновозачот, како и возачот на камионот. Предниот дел од возот беше целосно уништен од ударот, велат пожарникарите. Поради несреќата желеничката станица ќе биде затоврена.

Спонзорирано: