12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерот Адеми се сретна со директорот на Историскиот музеј на Албанија

Дориан Кочи, директор на Националниот историски музеј на Албанија, и Скендер Асани, директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Македонија, денеска беа во посета на министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми.

Кочи го информираше министерот Адеми за работата на Националниот историски музеј во Тирана, кој е една од водечките институции во Албанија со вкупна површина од 27 000 м2, со изложбен простор од 18 000 м2 во којшто се чуваат над 4 750 предмети кои припаѓаат на релативно долг временски период, почнувајќи од IV век пр. н. е. до втората половина од XX век.

На средбата се разговараше за традиционално добрата соработка меѓу Албанија и Македонија и беше истакнато дека сѐ уште има простор за унапредување на односите меѓу двете култури. Беа разгледани можностите за идна соработка меѓу сродните институции на двете земји и идни заеднички проекти, како што е отворањето на вечерашната изложба на фотографии со тема миграции, „Јас сум Албанец“, во НГМ – Мала станица, организирана од Националниот историски музеј на Албанија и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Македонија.

Спонзорирано: