17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Голема наградна игра на „Пекабеско“: Пекабета за цело семејство

Најголемиот домашен производител на сувомесни производи „Пекабеско“ денеска почна со организација на голема наградна игра: „Пекабета за цело семејство“.

Три најсреќни семејства ќе одат во најубавите забавни паркови во Европа, и тоа: забавниот парк Lisberg во Шведска, забавниот парк Phantasialend во Германија и забавниот парк Parque Warner во Шпанија.

Секоја недела ќе се доделуваат и телефони Samsung Note 9, ваучери од „Карес“ во вредност од 10 000 денари, потоа маици, торби и пекабета-капи, како и друштвени игри Меморија.

Секој кој сака да учествува во наградната игра потребно е од 15.10 до 16.12 да купи една или повеќе пекабета-паштети и кодот од фискалната сметка да го испрати на 149 941 и порака со следнава содржина: тараба, број на фискална сметка, празно место, час и минута на купување – пример #____ (број на сметка) __:__ (час и минута на купување).

https://www.facebook.com/Pekabesko/videos/345062862728409/?t=0

Производи што учествуваат во наградната игра се кокошкина пекабета-паштета, кокошкина пикант пекабета-паштета и сет 2+1 кокошкина пекабета-паштета кои можат да се купат низ цела Македонија. Цената на CMC-порака изнесува 5,9 денари со вклучен ДДВ, а фискалната сметка задолжително треба да се зачува.

Правилата за наградната игра може да ги прочитате детално на следниот линк: http://www.pekabesko.com.mk/b/17/nagradna-igra-pekabeta

Пекабета-паштетите се најновиот член на пекабеско-семејството и се првите домашни паштети со премиум квалитет. Пекабета не содржи конзерванси и е направена од квалитетно кокошкино месо.

Спонзорирано: