8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

По изборите, прстот ќе биде вперен во Меркел, пишуваат германските медиуми

„Дебакл“, „фијаско“, „катастрофа”… со овие зборови коментаторите во германските медиуми го опишуваат падот на Христијанско-социјалната унија на помалку од 35 отсто од гласовите на изборите во неделата во Баварија, пишува „Дојче веле” (DW).

„Изборната битка е жестока, во неа паднаа две некогаш големи партии. Повеќе од 10 отсто пад за малата конзервативна сестринска партија Христијанско-социјалната унија, како и за социјалдемократите. Потресите по овој исход нема да се почувствуваат само во Баварија. Моќта во Берлин исто така ќе се промени”, пишува весникот „Ноје вестфелише“ од Билефелд. По изборите, прстот ќе биде вперен во Меркел, пишуваат германските медиуми.